Uber потпиша договор и со NASA за развојот на новиот концепт за управување со беспилотниот промет кој би овозможил сигурно и ефикасно летање на помали височини

Uber потпиша договор за соработка со американската војска, вреден еден милион долари, што би требало да резултира со заедничка работа на технологијата на ротори, а би можел да доведе до нови откритија и подобрувања на воената технологија и на технологијата за цивилна примена.

Како што се истакнува во заедничкото соопштение, истражувањето ќе се концентрира на создавање на првите применливи коротациски ротори или пропелери. Во превод, се работи за систем каде што два ротациски системи, односно пропелери, се ставаат еден врз друг и тие ротираат во иста насока.

Иницијалните експерименти покажаа дека таквите ротори се значително потивки од моментално достапните, но и многу се поефикасни при летањето.

Оваа соработка ќе биде корисна и за американската војска, која се обидува да развие што потивки беспилотни летала, но и за Uber, кој веќе најави развој на своите летечки такси-возила.

Освен со американската војска, Uber договори и соработка со компанијата „Ланчпоинт технолоџис“, која е фокусирана на создавање иновативни електрични мотори кои ќе бидат потребни за покренување на коротациските пропелери.

За UberAir да стане реалност, компанијата во изминатите неколку месеци договори соработка со цела низа компании што имаат завидно искуство во производството на летала, како и на делови за воздухопловната индустрија.

Uber потпиша договор и со NASA за развој на нов концепт за управување со беспилотен сообраќај кој би овозможил безбедно и ефикасно летање на помали височини.