Авиопревозниците со години бараат нови извори на прихофи за да ја намалат зависноста од продажбата на билети. Исладнски претприемач предвидув дека патниците во иднина воопшто нема да мора да плаќаат за билети.

„Можат да замислам иднина кога ние ќе ви плаќаме за да летаме со авион“ вели основачот и директор на нискобуџетниот авиопревозник WOW Air, Скули Моргенсен.

Досега се воведени надомести за избор на седиште, за порано качување во авион, за послужување храна во текот на летот итн. Воедно, развиени се партнерства со хотели, ресторани, агенции за наем на возила и други поврзани компании.

„Нашата цел е споредните приходи со тек на време да ги надминат приходите од продажба на билети. Кога тоа ќе и успее на една компанија, ќе се смени целосната индустрија“ вели Моргенсен.

Теоретски, колку помалку е компанијата зависна од приходте од патниците, износот кој им се наплатува на патниците ќе биде понизок. Во краен случај, тоа што патникот ќе биде на летот ќе биде побитно за работата на авиопревозникот отколку колку му е наплатен летот.

Моргенсен, поранешен технолошки претприемач и инвеститпр, најавува дека WOW ќе работи на подлабоки и поперсонализирани односи со клиентите базирани на собраните податоци за нивното однесување и потребите, а тие податоци ќе ги користи и за остварување пријоди слично како Facebook или Google.

Освен тоа, во WOW рагледуваат повеќе начини за наградување на патниците. На пример, може да ви платат доколку вашите објави на социјалните мрежи им носат нови корисници.

Извор: tportal.hr