Apple, највредната американска компанија во моментов, летово ќе ја претстави новата генерација на својот iMac Pro десктоп компјутер, овој пат со Mini LED екран со околу 1000 зони и 4000 мини LED диоди.

Рос Јанг, аналитичар за дисплеи кој ја следи компанијата, рече дека објавата би требало да се одржи на почетокот на летото, на WWDC конференцијата за програмери што традиционално Apple ја организира секоја година. Новата генерација на iMac треба да ја добие најсилната итерација на M1 Max процесорот. Да потсетиме, Apple го потресе технолошкиот свет со претставување на своите M1 процесори, првиоткако компанијата ги офрли Intel чиповите.

Имавме можност да ги видиме M1 и M1 Pro чиповите, кои се покажаа како одлични и на синтетички тестови и во пракса. Додека се очекува најсилната верзија со наставката Max, Oстануваат повеќе од половина година до презентацијата. Tешко е да се каже колку се точни овие наводи, па треба да почекаме и да видиме.