Неодамна на сајтот на Huawei во Кина беше наведен Huawei Mate 40 Pro 4G телефонот, но овој листинг не споменуваше ништо за оперативниот систем на телефонот. Меѓутоа, TENAA листингот сега потврдува сега потврдува дека ќе има преинсталиран HarmonyOS (или HongMengOS).

TENAA открива телефон со ознака NOH-AL00, а го користи најновиот HarmonyOS 2.0.0 софтвер. Huawei се очекува во текот на март да ја претстави P50 серијата со HarmonyOS но оваа линија веројатно е одложена. Сега се чини дека Mate 40 Pro би можел да биде првиот телефон со преинсталиран HarmonyOS.

Кога станува збор за преостанатите спецификации, Huawei Mate 40 Pro 4G се очекува да биде ист како 5G верзијата. Разликата е во Kirin 9000 чипсетот, кој поддржува само 4G LTE мрежи. Телефонот пристигнува со 6,76 инчен OLED екран, со резолуција од 1344 x 2772 пиксели. Ќе има и 8 GB RAM меморија, како и 128 GB, 256 GB или 512 GB простор за складирање.

Батеријата од 4400mAh поддржува 66W брзо полнење и 50W безжично полнење. На задната страна се наоѓа главната камера од 50MP, со 12MP телефото сензор и 20MP ултраширокa камера. На предната страна е сместена селфи камера од 13MP и TOF 3D сензор.