Стелт омикрон сојот на коронавирусот пристигна и на Балканот, а овие два симптоми најчесто се појавуваат кај заразените со него.

Подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот BA.2, попознат како стелт омикрон, пристигна на Балканот. Експертите велат дека оваа варијанта е позаразна од првобитната – омикрон (BA.1), но дека досега нема податоци кои би докажале дека доведува до тежок облик на болеста.

Два најчести симптоми на стелт омикрон сојот на коронавирусот

Самиот омикрон сој и натаму важи за поблага варијанта на вирусот, а главно го следат симптоми како течење од носот, болки во грлото, умор, кивање, болки во телото, потење во текот на ноќта, губење на апетитот, повраќање. Во симптомите на омикрон сојот се вбројуваат и т.н. „мозочна магла“, осип на телото, конјунктивит.

Што се однесува до стелт омикрон сојот на коронавирусот пак, судејќи по искуствата добиени досега, еден од најраните знаци дека можеби сте заразени со стелт омикрон сојот на коронавирусот е вртоглавица.

Вториот најчест симптом е уморот, предупредува д-р Анџелика Кеце, докторка од Јужна Африка која прва предупреди на омикрон сојот на коронавирусот во светот.