Google во текот на минатата недела го објави Android 13 developer preview 2, а сега се појавуваат детали за новите функции што се тестираат во оваа бета верзија.

Најпрвин, тука се редизајнираните контроли за медиумска содржина. Сместени се во нивното прилагодено место, помеѓу брзите поставки и известувањата, но нивниот виџет сега е поголем. Во виџетот сега може да бидат содржани насловот и описот на песната или видеото.

Менито со извори на медиумски содржини е исто така редизајнирано, што сега е во согласност со дизајнерскиот јазик на Android 13. Исто така, постои опција за спарување на нов уред директно од неговото мени.

Android 13 ќе им понуди на корисниците нови ефекти за позадини. Под името Cinematic Wallpaper (во верзијата за девелопери), опцијата ќе им овозможи на корисниците да применат нови ефекти на позадините.

На крајот, Foreground Services task manager ќе биде на дното на панелот за брзи поставки и известувања и ќе ги прикажува апликациите што моментно работат во заднина. Корисникот ќе може да следи кои апликации активно работат, како и да ги стопира. Дополнително, FSG ќе го извести корисникот ако апликацијата е активна повеќе од 20 часа.

Повеќе детали за новитетите на Android 13 се достапни ТУКА.