Многумина веќе се запознаени со God Mode функцијата Windows, а за оние кои не знаат – еве како да ја активираат.
Windows God Mode поставува икона на работната површина на компјутерот на корисникот, давајќи брз пристап во два чекора до сите поставки, со повеќе од 200 достапни менија.
Windows God Mode првпат се појави во Windows Vista во 2007 година. Оттогаш остана непроменет и може да се активира и во Windows 10 и во Windows 11. Менито God Mode лесно се креира, но може да биде тешко да се запомни бидејќи бара внесување на долга група знаци.
- Десен клик на работната површина и изберете Create Folder
- Преименувајте го името на фолдерот во GodMode.{ED7BA470-8E54-465E-825C-99712043E01C}
Откако ќе го преименувате фолдерот, неговата икона ќе се претвори во мал control panel. И тоа е тоа – го активиравте God Mode.
God Mode може да биде корисен ако не сакате да го користите Windows Control Panel, односно менито Settings, кое постојано се менува. God Mode е всушност прекар за Windows Master Control Panel shortcut, кој Windows God Mode го доби од блогерите во 2010 година.
Друга предност на Master Control Panela е тоа што ви овозможува лесно да креирате кратенки за која било поставка.
Списокот на достапни опции е долг, но нема сомнеж дека God Mode ќе им овозможи на сите да најдат нешто ново и корисно, што ќе го направат достапно со само еден клик.
Извор: B92.net
Поврзани артикли