Многу корисници на апликацијата Gmail забележаа неочекувана промена – исчезна една од најновите опции.

Можеби опцијата Dark Mode (темен режим) не е најомилена меѓу корисниците, но е многу добра за дисплејот на вашиот телефон (ако имате  OLED екран), а исто така е помалку напорна за очите.

Компанијата Google почна со воведување на опцијата Dark Mode за својата добрите Gmail, наменета за оперативните системи Android и iOS, од септември, 2019 година.

Од Google тогаш рекоа дека за оние корисници кои веќе користат Android 10 или iOS 13 и имаат Dark Mode вклучен на системско ниво, Gmail автоматски ќе се прилагоди на Dark Mode.

Сега е исклучена можноста да се активира темниот режим со постапката: Gmail -> Settings -> General settings -> Theme.

Ова се однесува главно на телефони со оперативен систем Android 10, но и некои iOS корисници се жалаат дека веќе ја немаат опцијата.

Засега од Google се немаат огласено во врска со исчезнувањето на опцијата Dark Mode за Gmail апликацијата. Можно е да станува збор за едноставна грешка, но исто така е можно компанијата да открила проблем со темниот режим и свесно ја повлекла опцијата.

Извор: B92.net