Интересен нов гејминг монитор на компанијата Acer се појави на онлајн листинг. Acer Predator XB323QU NV претходно се појави на кинескиот сајт Taobao.

Новиот монитор на Acer ги користи предностите на Fast IPS технологијата. Кога станува збор за перформансите, нуди 1ms G2G одзив, како и оверклкувана брзина на освежување до 170Hz. Достапна е и VRR поддршката од AMD и Nvidia.

XB323QU NV Predator има 1000:1 контраст, осветлување 400 cd/m2, 178° агли на гледање, и приказ од 95% на DCI-P3 спектарот на бои. Покрај тоа, се чини дека мониторот е и VESA DisplayHDR 400 сертификуван.

Селекцијата на портови е стандардна и вклучува DisplayPort 1.4, HDMI 2.0, како и 4x USB 3.0 и приклучок за слушалки. Присутни се и два вградени звучника, RGB систем за осветлување и друго.