Досегашните гласини сугерираа дека третата генерација на iPhone SE ќе биде претставена на пролетниот настан на Apple. Но, се чини дека ова не е единствениот производ што гигантот од Купертино планира да го претстави на презентацијата.

Според новиот извештај на доверливиот инсајдер на Apple, Марк Гурман, пролетниот настан на Apple може да доведе до лансирање на нов iPad Air и еден Mac модел, покрај iPhone SE 5G. Првиот годишен настан на Apple обично содржи мала серија производи, а големото претставување на производи е резервирано за втората половина на годината. Додека Apple го лансираше новиот iPad Pro на минатогодишниот пролетен настан, Гурман верува дека следниот Pro модел најверојатно ќе пристигне дури подоцна оваа година. Наместо тоа, Apple планира да донесе сосема нов iPad Air, кој не е ажуриран од 2020 година. Иако не се знае многу за следната генерација на iPad Air во моментот, се вели дека ќе има A15 Bionic чипсет, кој се користи во најновите iPhone 13 уреди и iPad Mini 6.

Покрај iPhone SE 5G и редизајнираниот iPad Air, настанот може да донесе и нов Mac компјутер со чипсет M1 Pro. Ова може да биде Mac mini или iMac од повисока класа. Иако точниот датум во оваа фаза не е познат, настанот се очекува да се одржи помеѓу март и април.

Во меѓувреме, долгоочекуваните производи како што се iPhone 14 линијата, редизајнираниот MacBook Air, надградените AirPods Pro, lоw-end MacBook Pro и трите нови Apple часовници наводно ќе бидат претставени оваа есен. Според претходните извештаи, ажурираниот MacBook Air ќе има бела тастатура, повеќе бои, дополнителни портови и побрз М2 чипсет.