Apple го најави пролетниот медиумски настан за 8 март во 19 часот по средноевропско време, на кој се очекува да бидат објавени нов iPad Air, нов iPhone SE со 5G поддршка и веројатно еден или два модели на Mac компјутери.

Apple ќе го емитува настанот од Стив Џобс театарот во Apple Park кампусот во Купертино, Калифорнија.

Иако ова е прв настан на Apple во 2022 година, сепак ќе биде само дигитален настан без претставници на медиумите, кои не беа поканети да присуствуваат поради актуелната пандемија. Настанот ќе може да се следи на веб-страницата на Apple, како и преку YouTube каналот на Apple. Што може да очекуваме од мартовскиот настан на Apple?

Се очекува Apple да објави верзија од следната генерација на iPhone SE со поддршка за 5G, ажуриран iPad Air таблет и еден до два Mac уреди со новиот чипсет на Apple. Новиот Mac може да биде или Mac mini или 13-инчниот MacBook Pro или и двата. Единствената официјална трага што ја имаме е поканата на Apple, кој најавува „peek performance“.