Samsung одлучи дека во текот на MWC 2021 конференцијата ќе одржи само онлајн презентација. Сега компанијата го официјализираше своето присуство на MWC и најави дека Samsung Galaxy MWC Virtual настанот ќе биде одржан на 28 јуни.

Тизер фотографијата и самото соопштение, кои ја најавуваат презентацијата, не нудат премногу информации за тоа што Samsung ќе претстави за време на MWC. Компанијата ќе зборува за „проширување на екосистемот на Galaxy уредите“ и ќе претстави „визија за идните паметни часовници“.

Силуетите од фотографијата укажуваат на можна објава на флексибилните телефони Galaxy Z Fold3 и Z Flip3, иако уредот од левата страна повеќе личи на лаптоп. Тука е и уредот со Stylus паметно пенкало, кој би можел да биде нов таблет. Паметниот часовник (Galaxy Watch4 или Watch Active4) ќе биде интересен, со чип 5nm и Google Wear OS софтвер.

Од друга страна, нема гаранции дека Samsung ќе претстави нови производи следната недела (најавата за нови Galaxy производи воглавно е резервирана за Unpacked настаните). Можно е дека јужнокорејската компанија да се фокусира на стратегијата на производи и претставување на нови технологии што ќе се појават на новите уреди.