Американската технолошка компанија Microsoft престана да ги произведува сите конзоли од серијата Xbox One за да се фокусира на својата следна генерација конзоли

Microsoft го прекина производството на Xbox One X и Xbox One S пред премиерата на Xbox Series X во 2020. година.

„За да се фокусираме на производството на Xbox Series X/S, го прекинавме производството на сите конзоли Xbox One до крајот на 2020-та година“, вели Вокер.

Софтверскиот гигант објави два модели за својата „Xbox Series X“ во ноември 2020-та година. Ова се случи седум години по пазарното деби на претходната верзија. А целта на новите уреди беше да го искористат пандемскиот бум во трошењето на потрошувачите за игри.

Сепак, неколку индустрии ширум светот се борат со невиден недостиг на микрочипови, што доведува до доцнење во снабдувањето на некои производи.

Во ноември, деловниот дневен весник Nikkei напиша дека Nintendo ќе произведе 20% помалку конзоли Switch од планираното токму поради проблемите со снабдувањето.

Bloomberg, пак, напиша дека Sony планира да го прекине производството на PlayStation 4 до крајот на 2021. година, но компанијата на крајот ќе произведе околу милион единици оваа година. Sony потврди дека производството на PS4 продолжува. И Microsoft и Sony се борат да ја задоволат побарувачката за Xbox Series X и PlayStation 5.