Google неодамна јасно стави до знаење дека, по отфрлањето на надворешните колачиња (cookies) во следната година, не планира да вметне други форми на идентификатори за да ги следи индивидуалните корисници додека пребаруваат на интернет.

Потегот на компанијата следуваше откако јавноста во голема мера почна да ги преиспитува и надзира одлуките на големите технолошки гиганти дека ги користат кориснички податоци за да ја зајакнат својата доминација на пазарот, а посебно во сегментот на персонализираното рекламирање.

Во овој момент, поголемиот дел од рекламната индустрија се подготвува да ги отфрли колачињата за надворешно следење, а техниката им овозможи на огласувачите да ги следат корисниците со персонализирани реклами од еден сајт до друг. Сега, напорите на јавноста, кои се фокусираат на заштита на приватноста на корисниците, ги принудуваат креаторите на прелистувачите (Google, Mozilla, Apple и други) да го прилагодат дигиталниот маркетинг на овие промени.

Google првпат ги започна своите напори за промена на стандардите за приватност минатата година, со објавувањето на иницијативата Privacy Sandbox. Тоа е збир на правила за исфрлање на колачињата од сегментот на приватност и во согласност со индустриските стандарди.

Google минатата година истакна дека планира во рок од две години планира да ја отстрани поддршката за надворешни колачиња од Хром, но дури неодамна почна да сугерира што би можело да ги замени колачињата. Едно од решенијата е е Federated Learning of Cohorts (FLoC), за кое компанијата вели дека досега дава позитивни резултати.