Realme во рамките на својот AIoT подбренд Dizo, веќе претстави неколку безжични слушалки, а компанијата сега го тестира и својот следен производ кој ќе биде паметен телефон.

Dizo објави тизер постер од својот телефон кој не е во целост јасно видлив, но подлабокиот увид и обработката на фотографиите покажува дека телефонот има кружен модул на задната страна, за камера сензорите и блиц.

Брендот ништо досега не откри за овој уред, но би можел да биде во прашање Dizo Star 500, кој во мај се појави на FCC сертификација. Споменатиот смартфон има dual-SIM поддршка, 2G конекција, слот за microSD картички и 1830mAh батерија.

Покрај Star 500, FCC го сертификуваше и Star 300, кој има помал екран, но и батерија од 2500mAh. Како и Star 500 моделот, Star 300 има dual-SIM поддршка, 2G конекција и microSD слот.