Познатиот дојавувач на Твитер, Еван Блас, објави нови рендери на претстојните преклопни телефони на Samsung.

Станува збор за Galaxy Z Flip 4 и Z Fold 4 кои официјално ќе бидат претставени на 10 август, а овој пат се работи за официјалните рендери кои се нашле во сопственост на Блас.

Сè повеќе луѓе ја прифаќаат новата форма на паметни телефони, а Samsung претходно потврди дека луѓето имаат поголема веројатност да менуваат брендови поради Galaxy Flip 3 отколку поради водечкиот модел.

За само неколку дена јужнокорејскиот гигант ќе претстави нови верзии на телефони на преклоп, кои ќе ја видат „светлината на денот“ на настанот Unpacked закажан за 10 август.

Ако има и такви кои се уште не знаат како ќе изгледаат Galaxy Flip 4 и Galaxy Fold 4, сега благодарение на Блас имаат можност да видат рендери кои ги прикажуваат уредите од речиси сите агли, како и во различни бои.

Точно, рендерите не откриваат дали Fold 4 има селфи камера сместена под екранот како минатогодишниот модел, како и дали конечно ќе има слот за S Pen. За тоа се шпекулираше и порано, но последните гласини велат дека сепак нема да го има.