Масивен астероид од листата на „потенцијално опасни“ на NASA се приближува до Земјата и ќе помине покрај нашата планета во текот на овој месец.
Дијаметарот на астероидот (7482) 1994 PC1 е најмалку еден километар, а благодарение на неговата големина би можел да предизвика катастрофа доколку удри во Земјата. Сепак, шансите тоа да се случи се исклучително мали.
Се очекува астероидот да помине покрај Земјата на растојание од 1,98 милиони километри на 18 јануари. Станува збор за астероид од класата Аполо, откриен од австралискиот астроном Роберт МекНут во 1994 година. Овој астероид прави целосен круг околу Сонцето за една година и седум месеци. Огромниот „вселенски патник“ може да се набљудува дури и со основни телескопи на секои 47 години, но следниот пат кога ќе биде блиску до Земјата е дури во 2105 година.
Астероидот се движи со брзина од 19,56 километри во секунда или 70,515 км/ч, а на ноќното небо ќе изгледа како ѕвезда што паѓа.
Според анализата на NASA, поголема вселенска карпа нема да се судри со Земјата најмалку уште 100 години.