Научниците претпоставуваат дека има планети скоро околу секоја ѕвезда во нашата галаксија. Планети кои припаѓаат на орбитите на други ѕвезди се нарекуваат егзопланети. Откога првата екзопланета беше пронајдена во 1992 до денеска се пронајдени уште илјадници.

Заради ова науката и технологијата за анализирање на овие екзопланети брзо напредна, но ако сакаме да дознаеме дали има живот на некоа од овие планети ние треба да развиеме нови технологии за да можеме да ги видеме овие биознаци.

Во последните две години тим од научници кои што се лидери во ова поле работеа на проект за како да бараме знаци за живот на екзопланетите. Научниците на НАСА составија документ кој што дава насоки за како можеме тоа да го постигнеме со денешните технологии.

Документите ги идентификуваат тешкотиите во барањето на живот и предлагаат решение за нив.

Научниците планираат да бараат два вида на биознаци. Првиот е во форма на гасови што живите организми ги испуштаат, на пример кислородот што го дишете сега, тој кислород е направен од растенија или фотосинтезични микроби.

Вториот биознак е светлото што се одбива од живите организми, како што е бојата на листовите на растенијата, или пигментот што алгите му го даваат на океаните кога цветаат. Ови знаци можат да се видат на Земјата од нејзината орбита, заради тоа научниците сега развиваат нови телескопи кои што ќе можат истите знаци да ги приметат и на далечните екзопланети.