Елон Маск, основач и извршен директор на SpaceX, откри детали за тоа кога може да се очекува супербрзиот сателитски интернет „Старлинк“ да пристигне на Земјата од „coѕвездието“ сателити. Во оваа прилика беше можно да се дознае дека граѓаните можат да очекуваат сателитски интернет уште во 2020 година.

Најавено е дека приватното бета тестирање ќе започне за околу три месеци, додека јавното бета тестирање треба да започне три месеци после тоа. Претходно можеше да се чуе дека „Старлинк“ треба да стане достапен во Канада и Северна Америка до крајот на 2020 година и дека ќе стигне до другите делови на светот до 2021 година.

Кон крајот на минатата година, Маск објави твит во кој се тврди дека ја користел сателитската врска „Старлинк“, а компанијата оттогаш лансираше уште шест серии од 60 мали сателити кои орбитираат во пониската Земјина орбита, постојано разменуваат сигнали, испраќајќи ги на станици на матичната планета. Тие се најдоа во пониска орбита од геостационираните комуникациски сателити, така што нивното функционирање не треба да влијае.

SpaceX сè уште се соочува со многу пречки и комплициран пат да ги исполни своите ветувања, при што првата е подготовка и започнување на дополнителни мисии на „Старлинк“ за време на ерата на коронавирусот. Крајната цел е да се обезбеди супер брз интернет по добра цена за сите граѓани во светот, што ќе биде особено корисно за оние кои или немаат интернет-врска или се многу сиромашни.