OnePlus ја продолжува традицијата на објавување парчиња од сложувалката кога станува збор за новите премиум телефони на компанијата.

Компанијата најпрво ја објави официјалната тизер фотографија од дизајнот на телефонот OnePlus 10 Pro, а сега ги имаме спецификациите објавени од Pit Lau, ко-основачот на OnePlus.

Телефонот ќе работи со најновиот чипсет Snapdragon 8 Gen 1, ќе има Fluid AMOLED дисплеј од 120Hz, предна камера од 32MP и систем за камера од 48MP + 50 MP + 8MP на задната страна со поддршка за Dual OIS.

Кога станува збор за батериите, ќе се напојува со 5000 mAh со поддршка за брзо SuperVOOC 80W и безжично полнење AirVOOC од 50W. Оперативниот систем на телефонот е OxygenOS 12.

Сите официјални детали ќе ги дознаеме следната недела, кога ќе биде претставен OnePlus 10 Pro.

Извор: B92.net