Британскиот портал Confused.com направил споредба на зачестеноста на кражби на автомобили во 35 европски земји од 2011 до 2019 година.

Треба да се каже дека зачестеноста на кражбите се пресметувала во однос на бројот на жители (кражби на 100.000 жители), а не во однос на бројот на возила. Според Destatis, просечно 569 од 1.000 луѓе во ЕУ поседуваат автомобил (од 2019 година); Меѓутоа, во некои земји на ЕУ стапката на сопственост на автомобили е значително помала.

Сепак, споредбата покажува во кои земји сопствениците има голема веројатност да бидат жртви на кражба на автомобили. Италија е на неславното прво место со 276 украдени автомобили на 100.000 жители. Во Италија, густината на возила по глава на жител е малку поголема отколку во Германија, но ако се земе тоа предвид, стапката на кражба е импресивна. Според Confused.com, во Италија секој час се крадат 19 автомобили. Меѓу првите 5 се и Чешка, Шведска, Франција и Грција. Најмал број кражби на автомобили има во Данска (пет кражби на 100.000 жители), а веднаш до Данска се Лихтенштајн, Хрватска и Словенија со најмал број кражби.

Извор: Додај Гас