Не е реткост брзиот тест за коронавирус да покаже негативен резултат иако личноста е заразена.

И нашите, но и светските експерти велат дека доколку брзиот тест е позитивен, тогаш не постои сомнеж дека личноста е заразена, меѓутоа доколку е негативен, тогаш тоа не мора да биде 100 отсто точно.

Зошто тоа се случува објаснила руската докторка Надежда Чернишова.

Таа споменала дека најдобро е пред спроведување на брзиот тест личноста, (доколку е пушач) да не пуши цигари затоа што чадот може да влијае на точноста на резултатот.

Докторката исто така објаснила и што е најдобро да избегнувате да правите пред да се тестирате со брзиот тест за да бидете сигурни дека резултатот е прецизен.

Според зборовите на специјалистот, пред да направите брз тест исклучително е важно следното:

„Не треба со ништо да го чистите носот пред тестот, ниту пак да сте ставале капки во носот. Најчесто вирусот не се открива кога таа личност претходно користела капки за нос или пак правела инхалации со морска вода. Во таквите случаи вирусот механички може да се „уништи“, а тестот да биде негативен по неговото спроведување. Од истата таа причина подобро е и да не го дувате носот пред да го направите тестот“, вели докторката.

Докторката додала и дека поради точноста на брзиот тест најдобро е да се воздржите од пушење цигара пред спроведувањето на истиот.

„Се случува личноста да стави капки во носот или да се намачка со некаква маст, а потоа тестот е негативен иако се присутни симптомите на коронавирусот“, заклучила докторката.