Омикрон варијантата на коронавирус е помалку опасна за белите дробови во однос на претходните соеви, особено на делта покажува британска студија.

Студијата на Институтот за терапевтска имунологија и заразни болести во Кембриџ заклучи дека мутациите на шилците на вирусот, поради коишто омикрон може да избегне антитела, исто така може да го ограничат начинот на кој вирусот се спушта во белите дробови поврзани со тешка болест.

„Овие наоди сугерираат дека омикрон развил способност да го избегне имунолошкиот систем, но во исто време неговата способност за репликација и неговата патогеност е загрозена“, се вели во резимето на студијата.

Лидерот на истражувањето, Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, вели дека се соочуваме со предизвици и покрај навидум позитивните заклучоци од студијата,

„Што значи сето ова? Ефективната инфекција на белодробните клетки може да биде во корелација со сериозноста на белодробната болест. Синцитијата, мултинуклеарни клетки, често се гледаат во респираторните ткива земени по тешка болест. Делта беше многу успешна во инфицирање на белодробното ткиво и создавање тешка болест, за разлика од омикрон. Потребни се дополнителни истражувања. Да резимираме – овој труд сугерира дека омикронот станал поотпорен на имунитетот, но неговите својства поврзани со болеста може да бидат ослабени до одреден степен. Значителната пролиферација на омикрон сè уште претставува голем предизвик за јавното здравје“ – вели Гупта.