Израелски археолози најавија дека официјално ќе откријат вредна колекција рани исламски златни монети пронајдени за време на неодамнешните ископувања во близина на централниот град Јавна.

Колекцијата од 425 златници, од кои повеќето датираат од периодот на Абасидите, пред 1.100 години, е ‘исклучително ретка’, според израелските археолози за антика, Лиат Надав-Зив и Ели Хадад, кои откриле и стотици помали парчиња златници што би служеле како помали апоени.

Експертот за монети, Роберт Кул, рекол дека првичните анализи покажуваат дека монетите датираат од крајот на деветтиот век и се сметаат за златно доба на Абасидскиот калифат, кој го контролирал најголемиот дел од Блискиот исток и Северна Африка.

Интересно е што во Израел, во текот на 2015-та година, аматери нуркачи пронашле 2.000 златници на бреговите на античкиот пристанишен град Кесарија, датирани од времето на Фатимидите во 10 и 11 век.

„Искрено се надеваме дека оваа студија за златни монети ќе нѝ каже повеќе за периодот за кој сè уште знаеме многу малку“, рекол Кул.