Властите во Холандија открија дека радиоактивни ѓердани и други предмети за кои некои веруваат дека штитат од 5G мрежата се продаваат низ целата земја.

Станува збор за 10 предмети за кои е откриено дека имаат штетно јонизирачко зрачење. Се апелираше до грѓаните не ги користат, со предупредување што може да се случи со нивното здравје доколку ги користат.

Овие предмети постојат, иако не е докажано дека 5G мрежата е штетна по здравјето. Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека оваа мрежа е безбедна и дека во контекст на нејзиното влијание врз здравјето не се разликува од 3G и 4G мрежите.

За мобилни мрежи се користат нејонизирачки радио бранови што не ја оштетуваат нашата ДНК. И покрај тоа, оние кои беа убедени дека 5G е штетна по здравјето, ги уништуваа предавателите за нејзино емитување.

Покрај ѓердан, се продаваат и радиоактивна маска за спиење „Energy Armor“ и белегзија, за кои некои мислат дека штитат од 5G мрежата. Меѓу нив има и белегзија за деца „Magnetix Wellness“.

Теориите на заговор создадоа пазар за производи против 5G кои всушност немаат никаква функција. Во мај минатата година властите во Велика Британија забранија продажба на USB за кое се тврдеше дека штити од оваа мрежа, а чинеше 339 фунти. Такви USB стикови се продаваа на Amazon.

Холандските власти објавија список на сите радиоактивни производи.