Samsung Galaxy S22 Ultra наводно креира многу поубави фотографии од неговиот претходник, благодарение на подобрата оптимизација, вели доверливиот дојавувач @UniverseIce.

Очекуваме Galaxy S22 Ultra да ја задржи камерата и сензорот од 108 MP, а подобрениот квалитет на сликата ќе дојде како резултат на побрзиот хардвер и новите типови на обработка на податоци. Ова значи дека на Exynos 2200 или Snapdragon 8 gen 1 чипсетот мора да им се заблагодариме за подобрувањата во квалитетот на сликата.

Деталите ќе ги знаеме со сигурност дури кога ќе го добиеме Galaxy S22 Ultra на тестирање, по неговото очекувано објавување во февруари. Дотогаш можеме само да му веруваме на зборот на познат типстер.