Huawei P40 i P40 Pro телефоните ќе бидат претставени во текот на март 2020. година, а веќе имавме прилика да го видиме дизајнот на уредите, преку рендерите кои се појавија претходно. Фотографиите открија дека P40 линијата ќе има правоаголен систем со камери на задната страна.

Претходните фотографии не го открија вкупниот број на камери на задната страна, но благодарение на најновата протечена фотографија, знаеме дека Pro варијантата ќе има пет сензори. Тука се 64MP Sony IMX686 главен сензор, 20MO ултраширокиот сензор, 12MP перископ телефото (10x оптички зум), макро камера и 3D ToF сензор.

Фотографијата го прикажува P40 Pro во сина боја, а четири камери се поставени вертикално една над друга, додека петтата (перископ камера) е сместена од десната страна.

Покрај ова, се појави и фотографија од панелот на P40 Pro моделот, кој открива дизајн без засек и тенки рамки околу екранот.