Со неодамнешото претставување на првите паметни телефони на преклоп, Samsung и Huawei почнаа нова ера во мобилната технологија. Сега сите очи се вперени во нивниот најголем ривал Apple.

И покрај тоа што Apple, со својот iPhone беше зачетник на ерата на паметни телефони, нејзините уреди во последните неколку години на корисниците не им ги нудат сите можности кои ги овозможуваат Android уредите.

Токму тоа претставува причина за загриженост, и тоа од никој друг туку “ортакот” на покојниот Стив Џобс, соосновачот на компанијата Apple, Стив Вознијак.

Тој, во разговор за агенцијата Bloomberg, тоа многу јасно го стави до знаење.

“Apple многу долго време беше лидер кога се прашање работите како што се препознавање на отпечатокот од прст, идентификација со препознавање на лицето и мобилно плаќање, но не е ни блиску до тоа кога се во прашање смартфоните на преклоп”.

“Тоа навистина ме загрижува, затоа што навистина сакам iPhone на преклоп!”, изјави Вознијак, призанавајќи дека таквите уреди се подрачје на нови технологии, кое навистина го интересира.

Сепак, за негова жал, Apple најверојатно во поскоро време нема да има сопствен одговор на Samsung Galaxy Fold i Huawei Mate X.