Уредот опремен со 10-инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280х800 пиксели е претставен на штотуку завршениот MWC во Барселона.

Таблет уредите кои работат на основниот Android заземаат само мал дел од пазарот. Се обраќаат на многу специфичен број на корисници кои бараат уреди, кои не се засновани на принципот “една големина им одговара на сите”. И тоа е добра работа. А токму тоа е Alcatel 3T 10 таблетот.

Овој таблет опремен со 10-инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280х800 пиксели е претставен на штотуку завршениот MWC во Барселона. Работи на 3GB RAM со 32GB NAND флеш меморија, но неговите адути се двојните предни звучници, интегрираниот CAT4 4G/LTE модем, дополнителната аудио станица, но и поволната цена.

Таблетот има батерија со капацитет од 4.080mAh. Работи на Android 9.0 Pie оперативниот систем со однапред инсталиран Google Asistent. Овозможувајќи DSP на препознавање на гласот на оддалеченост до три метри, Alcatel 3T 10 обезбедува hands-free аудио контрола за репродукција на филмови или музика, одговарање на прашања и уште многу друго.

 

Во случај да сакате дополнително уште подобар звук, Alcatel 3T 10 има и своја аудио станица. Во прашање е bluetooth звучник со два 40-mm 5 W звучника. Уредот користи bluetooth 4.2 конекција за таблет, но тука е и 3,5-милиметарскиот аудио влез и компатибилен е со сите други уреди кои имаат соодветен конектор. Аудио станицата, исто така, служи и како сталак за таблетот, но и како полнач. Аудио станицата може 7 часа да емитува музика без дополнително полнење, а многу е лесна.

Alcatel 3T 10 ќе биде достапен подоцна оваа година, со почетна цена од 179 евра и ќе биде достапен во исто време како пакет со аудио станицата за 229 евра.