Топењето на глечерите и ледот поради глобалното загревање може да доведе до ослободување на метан, но и до будење на стари вируси и бактерии, предупредуваат Русите.

Гостувајќи во емисија, дипломатот Николај Корчунов откри дека Русија предложила проект за биолошка безбедност на Арктичкиот совет, меѓувладин форум сочинет од 8 земји кои имаат суверенитет над копното внатре во Арктичкиот круг.

Корчунов, кој служи како амбасадор во Министерството за надворешни работи, претседава со Комитетот на Арктичкиот совет.

„Постои ризик од будење на стари вируси и бактерии. Поради тоа Русија почна проект за биобезбедност во склоп на Арктичкиот совет“, изјави тој напомнувајќи дека задача ќе биде да се разработат низа ризици и опасности во врска со деградацијата на ледот и идните заразни болести.

Корчунов не е првиот кој укажа на оваа потенцијално разорна последица од климатските промени.

Претходно, рускиот научник Сергеј Давидум предупреди дека топењето на ледот може да резултира со појава на историски екосистеми на површината, а тоа вклучува и вируси. Тој изјави дека поголемиот дел од руската територија е лед кој не се топел милиони години, а може да содржи праисториски вируси кои се екстремно опасни.

Извор: Klix.ba