Европската вселенска агенција (ESA) ќе спроведе големо ажурирање на вселенското летало Mars Express, што ќе овозможи големи подобрувања во научните способности на леталото.

Мисијата за истражување на вселената Mars Express беше лансирана на 2 јуни 2003 година, оттогаш леталото ја истражува орбитата на Црвената планета. Леталото е во орбита повеќе од 19 години, а го користи инструментот MARSIS (Mars Advanced Radar for Subsurface and Ionospheric Sounding) за истражување на површината на Марс.

Инструментот е создаден и базиран на Windows 98 платформата, а според ESA, претстојната надградба на софтверот драстично ќе ги подобри перформансите на приемот на антената и сигналот, обработката на податоците и конзистентноста на податоците испратени на Земјата.

„Се соочивме со многу предизвици со цел да ги подобриме перформансите на MARSIS. И не само затоа што софтверот MARSIS првично беше дизајниран пред повеќе од 20 години и користи Microsoft Windows 98“, објаснува Карло Нена – софтверски инженер кој помага со оваа надградба.

ESA не објави која верзија на Windows ќе ја добие вселенското летало Mars Express, но се претпоставува дека тоа нема да биде Windows 11. Особено ако се земе предвид староста на хардверот што го користи леталото.

Ажурирањето на софтверот, наводно, ќе му овозможи на Mars Express да „види“ под површината на Марс и неговата месечина Фобос подетално од кога било досега.