Угледното списание „Science“ објавил текст за континентот настанат пред повеќе од 100 милиони години кои научниците го нарекле Голема Адрија, а кој се протегал на денешниот простор од Алпите до Иран.

Континентот со големите тектонски движења потонал, а најголем дел од него се наоѓал на денешниот простор од јужна Европа. Поедноставно, изгубениот континент Голема Адрија се наоѓал длабоко под Балканот.

Голема Адрија, како што тврдат експертите бил формиран пред многу години кога се одвоил јужниот суперконтинент Гондвана кој тогаш на едно место ги имал денешна Африка, Јужна Америка, Антарктик, Австралија и Индискиот подконтинент и Арапски полуостров.

Тој праисториски континент го опфаќал подрачјето на триесеттина денешни земји, од Шпанија па сè до Иран. Со поголемиот дел бил под вода од каде што “ѕиркал“ низ оргомни карпи, односно острови, тврди Доув ван Хинсберг, шеф на катедрата за палеогеографија и глобална тектоника од Одделението за геологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија.

„Медитеранскиот регион едноставно е геолошки хаос. Сè е искривено, распарчено и расфрлано“ – изјавил ван Хинсберг за списанието „Science“.

Според неговото толкување, Голема Адрија бил дел од афричката тектонска плоча, а пред стотина милиони години почнало нејзиното “лизгање’ и провлекување под евро-азиската тектонска плоча, односно под денешна јужна Европа.