Бидејќи супервирусите стануваат се почести во светот, научниците очајнички се обидуваат да откријат начини за решавање на овој смртоносен проблем.

Наместо обид да се развијат нови антибиотици, тим од научници верува дека лекот кој е откриен пред неколку децении би можел да биде адекватен одговор.

Лекот, кој се вика октапептин, покажал ветувачки резултати во истражување спроведено над животни. Бил во состојба ефикасно да се бори против бактерии за кои е познато дека се отпорни на лекови.

“Октапептините се откриени кон крајот на 70-тите години од минатиот век, но во тоа време не биле одбрани за понатамошно развивање, бидејќи имало многу нови антибиотици со илјадници луѓе кои работат на истражувања и развој на антибиотици”, рекол Мет Купер, директор на Центарот за решавање на проблемите со супервирусите во Институтот за молекуларна наука при Универзитетот во Квинсленд, се наведува во соопштението.

Пронаоѓањето на нови начини за разбивање на супервирусите е пресудно, со оглед на тоа дека најмалку 23.000 луѓе умираат секоја година во САД од инфекции од бактерии отпорни на лекови, според Центарот за контрола и превенција од болести.

Моментално, антибиотикот наречен колистин се користи како последна терапија за борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, наречен мултидраг-резистант грам-негатив, кој е отпорен на низа антибиотици. А лекот кој Купер и неговите колеги го тестирале е структурно сличен на колистинот.

“Грам-негативните бактерии потешко се убиваат бидејќи имаат дополнителна мембрана за продирање која често е сокриена со заштитен слој или слузокожа, кој и служи да се заштитат од лековите и делувањето на имунолошкиот систем”, објаснил тој.

Во својата статија, објавена во списанието “Cell Chemical Biology” Купер и неговите колеги објасниле дека Октапептинот не само што подобро се бори против инфекциите од колистинот, туку е можеби и подобар за телото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Октапептин се покажа потенцијално помалку токсичен за бубрезите отколку колистинот”, рекол Купер.

Меѓутоа, важно е да се нагласи дека истражувањето е во рана фаза и се спроведува над животни, па потребни се повеќе истражувања пред резултатите да може да се спроведат над луѓе.