iPhone 14 Pro модели ќе се испорачуваат со три задна камери кои ќе бидат составени од 48 мегапикселен главен сензор и широкоаголна и телефото камера од 12 мегапиксели. Се шпекулира и дека Pro моделите во линијата ќе имаат 8GB RAM. Се очекува iPhone 14 линијата да има четири нови модели, вклучувајќи ги iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max како два премиум модели и iPhone 14 и iPhone 14 Max како две релативно достапни опции.

Како што објави MacRumors, аналитичарот Џеф Пу ги предвидува поставките за камерата и деталите за RAM меморијата за iPhone 14 Pro уредите. Аналитичарот открива дека двата Pro модела ќе имаат широкоаголна камера од 48 мегапиксели, заедно со ултраширока и телефото камера од 12 мегапиксели. Ова е надградба во однос на iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max кои доаѓаат со три задни камери од 12 мегапиксели.

Шпекулациите се во согласност со она што го спомена аналитичарот на TF International Securities, Минг-Чи Куо, кој претходно сугерираше дека камерата од 48 мегапиксели на iPhone 14 Pro моделите ќе има опција за 8K снимање видео.

Покрај Pro моделите, Пу навести дека сите нови iPhone 14 модели стандардно ќе бидат опремени со екрани од 120Hz. Ова е во спротивност со неодамнешниот предлог на аналитичарот Ros Јанг, кој рече дека стандардните модели во линијата сепак ќе имаат екрани од 60 Hz.

Пу објави и дека стандардните iPhone 14 ќе имаат простор за складирање од 64GB. Ова е половина од големината на iPhone 13, кој има 128GB простор за складирање како основа.

Тој досега имаше различни резултати во предвидувањето на уредите од следната генерација на Apple. Пу точно шпекулираше за присуството на Mini LED екрани на годинашните MacBook Pro и iPad Pro модели. Сепак, тој предвиде и дека Apple ќе ги лансира своите HomePod модели со 3D сензорски камери во 2019 година, што не се случи, иако некои патенти укажуваа на нивниот развој – без наведување на јасни временски рокови.