Вчера на мрежите се појави официјалниот постер за Oppo Reno7, кој го прикажува дизајнот, датумот и времето на објавување на уредот. Според постерот, Reno7 ќе излезе на 25 ноември во 18:00 часот во Кина. Во меѓувреме, некои медиуми тврдат дека оваа серија мобилни телефони се нашла на виртуелните полици, пред отворањето на резервациите на онлајн платформата.

На веб-страницата Jingdong се појави и серија од линкови за Reno7 кои најавуваат и откриваат дека серијата ќе има три модели: Reno7 SE, Reno 7, Reno 7 Pro, а изгледот на производот е прикажан и на постер.

Според постерот што се појави, Oppo Reno7 користи рамен екран со еден отвор за селфи камерата, заден камера модул со два големи отвори за големиот сензор на камерата, кој е спарен со два мали отвори, како и дизајн со прави агли.