Поради запирање на комплетниот процес на производстото во Кина во изминатите два месеца, но и поради големата побарувачка заради епидемијата на коронавирусот, дојде до недостаток на Nintendo Switch конзоли во светот. Поради тоа, компанијата одлучи да го забрани извозот на конзолата во Јапонија на неодредено.

Како што е објавено, засега е сопрена испораката на Nintendo Switch и Nintendo Switch Lite конзолите во Јапонија. За CNN е потврдено дека оваа недела нема да има нови пратки во Јапонија, освен оние кои веќе биле порачани претходно. Исто така, најавено е дека следната недела ќе биде објавен нов распоред на испораки.

Од Nintendo објаснуваат дека побарувачката пораснала поради играта „Animal Crossing: New Horizons“, но и поради пандемијата на коронавирусот. Само во Јапонија, побарувачката за оваа конзола скокнала неверојатни 240 проценти во однос на минатата година. Светската испорака би можела да продолжи да функционира колку-толку нормално, но само со ограничување на испораките во Јапонија.