Напис

Facebook, YouTube, Snap и Twitter изгубија 10 милијарди долари
ИНТЕРНЕТ, Тренди

Facebook, YouTube, Snap и Twitter изгубија 10 милијарди долари

Одлуката на Apple да ги промени поставките за приватност во iPhone моделите доведе до бришење на околу 9,85 милијарди долари приход во втората половина од оваа година за Snap, Facebook, Twitter и YouTube, бидејќи нивните рекламни активности беа погодени од новите правила.

Apple ја претстави својата политика за транспарентност за следење апликации во април, што ги принуди нивните креатори да бараат дозвола пред да почнат да го следат однесувањето на корисниците за да им сервираат персонализирани реклами.

Повеќето корисници не одобрија, оставајќи ги огласувачите „во темнина” за тоа кои реклами да ги таргетираат. Огласувачите реагираа со намалување на трошоците за Snap,Facebook, Twitter и YouTube и пренасочување на нивните буџети на друго место, особено на корисниците на телефони со Android и на растечкиот бизнис за рекламирање на Apple.

Извршната директорка на Facebook, Шерил Сандберг истакна дека промените на iPhone значат „намалена точност на таргетирање на рекламите, што ги зголеми трошоците за постигнување резултати за огласувачите”.

Лотам, рекламна технолошка компанија процени дека четирите технолошки платформи изгубиле 12 отсто од приходите во третиот и четвртиот квартал, или околу 9,85 милијарди долари заедно, само за дигитално рекламирање. Snap помина најлошо во проценти од својот бизнис поради фокусирањето на паметните телефони, додека Facebook изгуби најмногу во апсолутна вредност поради големината.

Извршниот директор на Лотам, Мајк Вусли, истакна дека огласувачите сега треба да платат повеќе за да ги добијат истите резултати за пазарот на iPhone. Тој, исто така, даде пример за примерок од таргетирани илјадници корисници по цена за реклама од пет долари.

„На пример, ако продавате машка облека, сега треба да таргетирате две илјади луѓе на почетокот за да добиете илјада мажи, водени од претпоставениот просек, бидејќи алгоритмот повеќе не ви кажува кој е маж, а кој е жена. Тоа значи дека трошоците за скрининг ќе ви се удвојат и дека изгубениот принос е 50 проценти“, истакна Вузли за Фајненшл тајмс.

Од споменатите компании најголема загуба ќе има Facebook.

Извор: Biznis.rs

Поврзани артикли