Екраните се секако едни од најголемите потрошувачи на батеријата на телефони и на корисниците не им се препорачува да ја зголемуваат осветленоста на дисплејот до максимум. Поради ова, сè повеќе компании ја прифаќаат OLED технологијата, бидејќи OLED-екраните имаат потенцијал да бидат поефикасни затоа што индивидуалните пиксели можат да се исклучат кога не се користат (како во темен режим).

Apple има идеја како да го подобри целокупниот век на траењето на батеријата, а според извештајот компанијата во моментов тестира употреба на нископотрошувачка LTPO технологија за идните модели на iPhone.

Споменатата технологија на дисплеи веќе се користи во Apple Watch Series 4 и Series 5, а исто така е една од причините поради која Series 5 може да се пофали дека има исто траење на батеријата, и покрај тоа што има секогаш вклулчен дисплеј.

Описот на технологијата од Apple укажува на редизајнирана пиксел архитектура, што овозможува освежувањето на екранот да падне од 60Hz на 1Hz, кога часовникот е неактивен. Останува да се види дали ова е точно, а гласините од минатото укажуваат дека на тоа дека Apple истражува уште некои други опции за дисплеи за идните iPhone уреди.