Kинеската компанија ZTE во моментов е единствената што комерцијално продава смартфони со селфи камера сместена под екранот, а втората генерација ќе пристигне наскоро. Но, сега на овој пазар влегува и Huawei.

amsung се очекува наскоро да го претстави Galaxy Fold 3, паметен телефон што ќе ја прифати новата технологија со „невидлива“ камерата под екранот. Oppo исто така работи на вакво технолошко решение, а сега на пат да им се придружи е и Huawei откако патентираше уред од ваков тип.

На интернет протекоа документи со официјални илустрации на уредот врз основа на кои се создадени рендерите.

Гледајќи ги рендерите, може да се заклучи дека паметниот телефон ќе припаѓа на средниот ранг, како и дека е многу сличен на Honor X20 SE во однос на модулот на камерата и целокупниот дизајн. Се разбира, не мора да значи дека патентите ќе бидат исти како и крајниот производ.