Норвежаните мометно работат на потполно електричен, автономен брод што следната година ќе и биде претставен на јавноста. Иако со бродот на почетокот ќе управуваат луѓе, од 2019 година бродот би требало да стане делумно автономен, а веќе 2020 ќе биде потполно автоматизиран. Се работи за товарен брод што ќе превезува ѓубрива помеѓу три пристаништа во јужна Норвешка и кој ќе го замени досегашниот транспорт со камиони, со тоа што ваквиот начин на транспорт би требало да помогне во намалување на емисијата на јаглеродни плинови за 678 тони годишно.

Бјорн Торе Орвик, водител на проектот вели дека овој прв автономен брод ќе вози на рута подолга од 65 наутички милји, и ќе може да превезува отприлика 100 контејнери со брзина од 12 до 15 чворови и ќе замени 40.000 патувања со камиони годишно. За напојување на бродските батерии ќе користи исклучиво електрична енергија од хидроелектраните. Бродот наречен Јара Биркеланд го гради индустриската група Kongsberg, а во производтвсото им се приклучи производителот на вештачки ѓубрива Yara International.