Смартфонот Honor 50 се појави на глобалниот пазар, па така пристигна и во Европа.

Поранешниот подбренд на Huawei, Honor стана независен, а откако Honor 50 беше претставен во јуни во Кина, овој модел се најде и на европскиот пазар. Цената на основниот модел е 529 евра, а клиентите за тие пари ќе добијат 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Верзијата со 8GB RAM и 256GB складирање ќе чини 599 евра.

Најголема вест е дека Honor 50 ќе биде првиот уред на компанијата што ќе се продава со апликации и услуги на Google по одвојувањето од Huawei. Google ја повлече лиценцата за Android на Huawei во 2019 година поради санкциите на САД, по што телефоните останаа без клучните Android апликации и услуги како Google Play Store.

Сепак, враќањетон на Google значи дека Honor 50 може да биде конкурентен со другите Android уреди на Запад. Новиот уред ќе биде достапен во 40 земји.

Што се однесува до спецификациите, Honor 50 го покренува Snapdragon 778G процесорот на Qualcomm и се напојува со батерија од 4.300 mAh која поддржува 66 W полнење. Доби 6,57-инчен заоблен OLED екран со резолуција од 1080p и стапка на освежување од 120Hz. Одзади има четири камери, главна од 108, ултра широка од 8, макро од 2 и сензор за длабочина од 2 MP.

Honor планира на светскиот пазар да го лансира и Honor 50 Lite, по цена од 299 евра за моделот со 6GB RAM, а се очекува во европските земји како Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.