„Нашите сограѓани се разболуваат од преголема врева! Ова го правиме за нашето здравје и квалитетен живот…“

Во Париз е поставен првиот радар за откривање бучава во сообраќајот. Станува збор за софистициран уред кој го мери нивото на бучава на возилата во движење и ја евидентира регистарската табличка. Возачите чии возила прават преголема бучава на тој начин ќе добијат казна од полицијата на домашна адреса.

Со досегашните овластувања, полицијата може да ги санкционира сопствениците на бучни возила, но мора да ја поседува потребната опрема, односно да го фати возачот при прекршок. Новиот радарски систем со автоматизирани казни секако дека ќе им ја олесни работата.

До крајот на годината градот ќе ја тестира веродостојноста на системот, односно дали може точно да ја идентификува регистрацијата на автомобили и мотоцикли, а доколку се покаже добро, од почетокот на следната година, имплементацијата ќе започне со полна сила. Париските власти планираат да го покријат целиот град со радари за бучава.

Заменик-градоначалникот Дејвид Белијард нема дилема за новиот систем…

„На нашите сограѓани им се гади од преголема врева! Ова го правиме за нашето здравје и квалитетот на животот. Целта на радарот е автоматски да наметне казни за возачите чии возила прават премногу бучава.

Според студијата на Money.co.uk од декември 2021 година заснована на податоци од Европската агенција за животна средина, Париз бил еден од најбучните градови во Европа, со повеќе од 5,5 милиони луѓе изложени на бучава од патниот сообраќај од 55 децибели или повеќе.

Во Виена и Рим, 2,6 односно 1,7 милиони луѓе се изложени на таков „терор“.

Извор: Додај Гас