Се очекува дека стандардниот Samsung Galaxy S22 модел, со екран од 6,1-инчи ќе сочинува повеќе од половина од вкупното производството, што компанијата го планира за S22 серијата.

Samsung има за цел стандардниот Galaxy S22 да сочинува 50-60 проценти од вкупната испорала планирана за претстојната серија телефони. Galaxy S22 Plus од 6,6-инчи би требало да сочинува 20 проценти од производството, додека Galaxy S22 Ultra ќе цели на 20-30 проценти.

Ова ќе биде првпат Samsung намерно да форсира доминација на еден модел во серијата, кога станува збор за достапноста во испораката. Во рамките на S20 серијата, стандардниот модел учествуваше со 40% од производството, моделот Plus моделот беше со 40-45%, а Ultra со 10-15 проценти.

Кога станува збор за Galaxy S21 серијата, стандардниот S21 сочинуваше 40% од вкупната понуда на испорачани уреди, Plus сочинуваше 30%, а S21 Ultra беше на околу 30 отсто.

Samsung има за цел и да произведе 20 милиони телефони од Galaxy S22 серијата во текот на почетниот период, што претставува прилично конзервативна амбиција за јужнокорејскиот гигант. Сепак, изворите сугерираат дека ова целно производство може да биде зголемено до почетокот на масовното производство.

Сличен случај беше и со S21 серијата, кога Samsung првично планираше да испорача 26 милиони смартфони, но го зголеми производството на 30 милиони по објавата.