Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун, вети дека следната голема верзија на MIUI ќе пристигне пред крајот на оваа година, без да даде одредена временска рамка или листа на телефони. Сепак, еден програмер откри листа на смартфони кои наскоро би можеле да добијат го MIUI 13 интерфејсот.

Листата е пронајдена во изворниот код на MIUI 13, а најверојатно наскоро ќе пристигне стабилна верзија за Mi Mix 4, Mi 11, Mi 11 Pro, Mi 11 Ultra, Mi 11 Lite, Mi 10S, Redmi K40, K40 Pro и K40 Pro, пишува Xiaomiui.net. Многу е веројатно дека овие уреди ќе добијат стабилно ажурирање на MIUI 13 на денот на претставувањето на софтверот.

Останатите ќе го добијат својот MIUI 13 во текот на 2022 година, но како што тоа обично го прави Xiaomi, нема сите ажурирања да се базираат на Android 12. Последното за повеќето уредо ќе пристигне следната година.