Според наводите на реномиран дојавувач кога е вопрашање екосистемот на Apple, компанијата од Купертино планира да ја претстави iPhone 12 линијата телефони на 8. септември, заедно со Apple Watch Series 6 паметниот часовник. Покрај тоа, дојавувачот сугерира дека новиот iPad Pro, Apple Glass и MacBook-моделите со Apple чипови ќе бидат претставени на 27. октомври.

Иако ништо од наведеното засега не е потврдено, наведените датуми би можеле да бидат точни, доколку се погледне историјатот на настаните на компанијата од минатите години. Исто така, извештајот сугерира дека презентациите на наведените производи ќе бидат одржани онлајн поради актуелната ситуација со Ковид-19 пандемијата.

На октомврискиот настан најверојатно се очекуваат новиот MacBook и MacBook Pro 13, а двата модела би требало да ги покренува Apple архитектурата на процесори. Се споменуваат и информации за Apple Glass проектот и објава на освежените iPad Pro модели.