Претходно се појавуваа гласини за тоа дека Apple развива OLED iPad во две различни големини: 10,86-инчен модел и поголем 12,9-инчен модел. Меѓутоа, според наводите од Јужна Кореја, развојот на помалиот iPad е суспендиран.

Изворот на овие информации верува дека зад ваквата одлука стојат неколку причини. СО оглед на тоа дека Samsung ќе ги испорачува екраните за овие таблет уреди, Apple од јужнокорејската компанија бара да производува двослојна структура на OLED наместо еднослојна.

Ова ја зголемува цената на произведените OLED панели, намалувајќи ја дополнително маргината за заработувачка. Покрај тоа, компанијата од Купертино сака LTPO панели поради подобра заштеда на енергијата во текот на работата.

Споменатите барања влијаеа на значителното одложување на масовното производство, бидејќи бараат дополнителна опрема за двослојната структура на OLED. Поголемиот 12,9-инчен OLED iPad и натаму е во план и изворите сугерираат дека неговото претставување се очекува во текот на 2023. или 2024. година.