Иако се уште е во фаза на прототип, се чини дека Google е на добар пат затоа што за време на тестирањето, жицата „препознала“ најразлични допири во 94% од случаите.

Инженерите на Google развија таканаречен е-текстил кој е чувствителен, односно сигналите од допирите ги претвора во контроли, па така корисниците ќе можат да одговорат на повик, да ја контролираат јачината на звукот, да менуваат песни и слично.

Жицата реагира на допир, притискање, виткање, па дури и повлекување на прсти низ неа. Секој гест има различно значење и резултира со различни акции. Покрај тоа, низ жицата има и оптичко влакно кое ги менува боите во зависност од функцијата која корисникот ја употребува.

„Допирањето и притискањето на жицата активира сет на електроди кои ни овозможуваат следење на движењата, соопштија од Google и додадоа дека жицата „чувствува“ на кој дел корисникот ја допира и со колкава сила.

Жицата чувствителна на допир би можела да се користи за паметните слушалки и звучници, но како и дел од една идна паметна облека со која би се контролирале одредени функции на нашите геџети.

Извор: Zimo.hr