Неодамна се појавија извештаи дека Honor би можел да објави телефон под името Honor X20 Max во Кина, во текот на следните неколку недели. Сега уредот е сертификуван од кинеската TENAA агенција, што смартфонот го приближува до официјалната објава. Иако самиот листинг не открива информации за спецификациите, веќе знаеме некои детали за телефонот.

Според наводите од претходните гласини, Honor X20 Max ќе има 7.2-инчен дисплеј, а ќе го напојува голема батерија од 6000mAh, со поддршка за 66W брзо полнење.

Honor X20 Max би требало да го покренува Dimensity 1100 чип, наместо MediaTek Dimensity 800 чипсет кој го користеше Honor X10 Max. Повеќе детали за спецификациите на X20 Max телефонор се очекуваат како што ќе се приближуваме до неговата официјална објава.