Google продолжува да работи напорно на своите следни смартфони од висока класа, кој најверојатно ќе бидат претставени наесен. Новите модели ќе бидат првите уреди со Android Q и се очекува значително да ја заострат конкуренцијата во премиум сегментот. Google Pixel 4 уредите ќе понудат голем број хардверски подобрувања, но сега разбираме дека очекуваме многу интересни промени што се поврзани со неговиот дизајн. Новите информации на „Front Page Tech“ откриваат дека претстојниот уред ќе ги отстрани сите физички копчиња.

Според податоците, Google Pixel 4 ќе има алуминиумска рамка и ќе ги замени копќињата за јачината на звукот и копчињата за корекција со капацитивни сензори за допир. Паметниот телефон ќе има корист од придобивките од Google’s Active Edge функцијата што ни овозможува да извршуваме различни активности со допирање на одредени области од алуминиумската рамка, пренесе BGR. Крајниот резултат ќе биде уште поелегантен и поминималистички дизајн кој ќе го направи Google Pixel 4 попопуларен од кој било друг Android уред достапен на пазарот.

Претстојните паметни телефони ќе имаат дисплеј без рамки, со мал отвор за предната камера и сензор за отпечаток од прст, вграден во екранот. Концептот на овој дизајн е дефинитивно доста атрактивен и може да ја промени нашата замисла за модерен изглед на Android паметните телефони. Ако Google обезбедува поддршка за Active Edge на Android Q, ова може да ги направи и другите производители заинтересирани за отстранување на физички копчиња од нивните модели. Премиерата на Google Pixel 4 ќе биде на есен.