Минатата недела се појавија првите рендери на моделите од Samsung Galaxy S22 серијата, од доверливи извори. Стандардниот и Plus моделот изгледаат претежно како Galaxy S21 и Galaxy S21 Plus. Сепак, Ultra моделот изгледаше многу поинаку на тие рендери.

Сега оригиналниот извор на рендерот (Стив Хемерстофер односно @OnLeaks), објави ревидирани и преработени верзии на рендерот за Galaxy S22 Ultra. Новите рендери покажуваат систем на камери поделен на две различни половини, за разлика од претходниот што сугерираше камера модул P облик.

Оваа разлика е видлива на горната фотографија. Телефонот на левата страна е со нов дизајн, додека од десната страна е рендерот што го видовме минатата недела.

Се разбира, овие рендери на Galaxy S22 Ultra се уште се базираат на протечени информации и не се официјални, така што нема гаранција дека се 100 проценти точни. Засега, публиката треба да одлучи кој од двата дизајна е подобар, додека не се појави ново или поофицијално решение.